СЕ ЈАВИ ПУТИН: Eве што кажа за Пригожин
Беше талентиран бизнисмен, изјави рускиот претседател Владимир Путин за загинатиот водач на групата Вагнер, Евгениј Пригожин.
Путин денеска изрази сочувство до семејството на Пригожин, и неговите колеги од урнатиот авион, пренесуваат британските медиуми. Рускиот претседател го опиша Пригожин како „талентиран бизнисмен“, кого го познава уште од 1990-тите, а за неговата платеничка група Вагнер кажа дека дала значаен придонес во борбата против нацизмот во Украина.
„Тоа никогаш нема да го заборавиме“, изјави рускиот лидер.
Путин додаде дека шефот на Истражниот комитет на Русија го известил за почетокот на истрагата за авионската несреќа во која синоќа загина Пригожин и додаде дека таа ќе се истера до самиот крај.
Тој вели дека Русија ќе разгледа што велат истражителите за несреќата, но дека за дополнителни детали за инцидентот ќе биде потребно време. Неговите коментари доаѓаат 24 часа откако авионот со Пригожин се урна северно од Москва. Украина веќе кажа дека нема врска со смртта на Пригожин. Инаку, летово Пригожин направи обид за пуч во Русија. Тој тргна кон Москва, но потоа по разговор со белорускиот претседател Александар Лукашенко реши да го прекине својот поход и да замине во Белорусија.
