Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се jaви политичар кој сака сојуз со Путин и го нарече постар брат

Се jaви политичар кој сака сојуз со Путин и го нарече постар брат

Венецуела најави создавање на моќен блок со Кина и Русија. 

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро бара формирање на меѓународен блок во кој ќе бидат интегрирани држави од Латинска Америка и Карибите кои ќе имаат блиски врски со Русија и Кина. Мадуро објасни дека неодамна на оваа тема разговарал со колегите од Бразил, Колумбија и Аргентина.

Мадуро ги нарече „постари браќа“ лидерите на Кина и Русија.

„Таков сојуз би бил „онаа заедница на заедничка судбина за која зборува нашиот постар брат, претседателот Кси Џинпинг“ или „оној мултиполарен и мултицентричен свет за кој зборува нашиот постар брат, претседателот Владимир Путин“, додаде Мадуро.

Откако рускиот претседател Владимир Путин ја почна инвазијата на Украина, ЕУ и САД воведоа санкции за Русија. Речиси целиот свет ја осуди војната. Русија сега е меѓународни изолирана, но не отстапува од териториите во Украина кои ги анектираше. 

foto EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Слично

Поврзани вести