Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЈАВИ НАВАЛНИ: Најавува тектонски промени во Русија

СЕ ЈАВИ НАВАЛНИ: Најавува тектонски промени во Русија

Ќе има тектонски промени во Русија, вели рускиот опозиционер Алексеј Навални. 

Кажа дека Русија на претседателот Владимир Путин еден ден ќе пропадне заедно со постсоветската елита, која тој ја опиша како корумпирана, желна за власт и дволична.

„Државата на Путин не е одржлива. Еден ден ќе го погледнеме неговото место и тој нема да биде таму“, вели Навални. 

Навални, кој е осуден на затвор до својата 74 година, предупредува дека Путиновата Русија ја водат „крадци и криминалци“ и дека еден ден ќе има бунт. Руските власти ги отфрлаат неговите критики како бесмислици и тврдат дека тој и неговите поддржувачи се екстремисти поврзани со ЦИА кои сакаат да сеат раздор во Русија.

Во Башкортостан денеска имаше протест. Стотици луѓе ја гаѓаа полицијата бесни затоа што нивен активист е осуден на затворска казна. 

 Фото EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Слично

Поврзани вести