Се јави НАТО по веста дека ирански проектил е пресретнат над Турција
НАТО потврди дека е пресретнат ирански проектил насочен кон Турција.
Ова го соопшти портпаролката на Алијансата, Алисон Харт.
„НАТО повторно пресретна проектил кој беше насочен кон Турција“, напиша Харт.
Противвоздушната одбрана на НАТО соборила ирански балистички проектил што влегол во воздушниот простор на Турција, објави турското министерство за одбрана.
Турското министерство за одбрана соопшти дека остатоците од соборената иранска ракета паднале на полиња во покраината Газијантеп во јужна Турција. Немало штети или жртви.
Турција кажа дека ракетата ја собориле единици на НАТО стационирани во источниот Медитеран.
Ова е уште еден инцидент во кој НАТО системите за противвоздушна одбрана реагираат на закани кон турскиот воздушен простор, во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток.
Веќе десетина дена има воени дејствија меѓу САД и Израел со Иран. Инаку, Иран нападна повеќе земји во опкружувањето каде има американски воени бази. САД и Израел тврдат дека ако Иран поседува нукеарно оружје, ќе биде закана за нив, но и за други земји. Во нападите загина и иранскиот ајатолах Али Хамнеи.На функцијата го наследи неговиот син Моџтаба.
фото ДХА
