СЕ ЈАВИ КРЕМЉ: Што велат за заканите на Трамп за нови санкции?
Кремљ денеска соопшти дека продолжува да ги следи изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со санкциите против Москва, но дека Русија, благодарение на своето долгогодишно искуство, е имуна на вакви мерки.
Трамп вчера изјави дека САД ќе почнат да воведуваат царини и други мерки за Русија за 10 дена, доколку Москва не ги прекине воените дејствија во Украина.
„Долго време живееме под огромен број санкции, нашата економија работи под голем број ограничувања“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите.
Се очекува царините што ги спомена Трамп да бидат секундарни санкции за земјите што купуваат руска нафта, гас и други производи, како што се Кина и Индија.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
Слично
