Се јави Кремљ по тврдењата дека Путин барал пари од олигарсите
Кремљ денеска ги негираше извештаите дека претседателот Владимир Путин побарал од водечките
бизнисмени да донираат пари за стабилизирање на финансиите на Русија додека војната во
Украина продолжува.
The Bell, известувајќи
за состанокот, напиша дека Путин разговарал за воено финансирање и дека рекол дека Русија ќе
се бори додека не ги преземе преостанатите области од источноукраинскиот регион Донбас кои
не се под негова контрола.
Независниот руски медиум, исто така, напиша дека милијардерот Сулејман Керимов ветил дека
ќе донира 100 милијарди рубли (1,23 милијарди долари) на состанокот. Од Кремљ велат дека тоа било негова волја. „Ројтерс“ не можеше да го
контактира Керимов за коментар за информациите.
Русија е во буџетски дефицит и се соочува со економска стагнација бидејќи војната во Украина
влегува во својата петта година без крај на повидок. Но, се очекува Русија да има голема корист
од наглиот пораст на цените на нафтата откако САД и Израел ја почнаа војна против Иран на 28
февруари.
