Се јави ЕУ со став по ескалацијата на Блискиот Исток
Во соопштението за медиумите што го сподели претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта е наведено дека Брисел останува во контакт со сите страни во врска со нападите на Блискиот Исток.
„Ја потврдуваме нашата непоколеблива посветеност на зачувувањето на регионалната безбедност и стабилност. Обезбедувањето на нуклеарна безбедност и спречувањето на какви било дејствија што би можеле дополнително да ги ескалираат тензиите или да го поткопаат глобалниот режим на неширење се од најголема важност“, изјави Кошта.
Тој зборуваше за санкциите насочени кон одредени ирански претставници.
„Европската Унија усвои сеопфатни санкции како одговор на дејствијата на иранскиот убиствен режим и Револуционерната гарда и постојано промовира дипломатски напори насочени кон решавање на нуклеарните и балистичките програми преку договорено решение“, изјави тој.
Конечно, тие ги повикаа сите страни на максимална воздржаност.
„Во тесна координација со земјите-членки на ЕУ, ќе ги преземеме сите потребни чекори за да се осигураме дека граѓаните на ЕУ во регионот да можат да сметаат на нашата целосна поддршка. Ги повикуваме сите страни да покажат максимална воздржаност, да ги заштитат цивилите и целосно да го почитуваат меѓународното право“, заклучи Коста.
Израел и САД утрово го нападнаа Иран, а Иран врати со напади на израелска територија и со напади врз американските бази на Блискиот Исток.foto freepik.com
