Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се извалкала со кал и лажела дека помагала во чистењето на улиците по поплавите

Се извалкала со кал и лажела дека помагала во чистењето на улиците по поплавите

Германската новинарка Сузана Охлен се извалкала со кал па лажела дека помагала во чистењето на улиците по поплавите, по што доби отказ. 

На снимката се гледа  како таа се наведнува, зема малку кал и става на облеката, а потоа и на лицето. 

Таа глумела дека помага во чистењето во Бад Мунстереифел по силните поплави кои во Германија однесоа најмалку 170 животи, пишува Daily Mail.

RTL објавил репортажа „Чистење по поплавите: Репортерка на RTL помага во Бад Мунстереифел", а набљудувач ја снимил репортерката дека непосредно пред снимањето се валка со кал и тоа го објавил на социјалните мрежи.

Слично

Поврзани вести