Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се исплашија и Романците, забрзано вадат пари од банките

Се исплашија и Романците, забрзано вадат пари од банките
Паника во романските банки поради финансиската ситуација на Кипар. Откако властите во Никозија се согласија со барањата на меѓународните кредитори за оданочување на депозитите над 100.000 евра, голем број штедачи во Романија ги повлекуваат своите пари од страв да не почне да се притиска и врз Букурешт за прифаќање на план ист како тој во Кипар. „Добивме информации дека некои клиенти започнале со повлекување на своите влогови, посебно оние кои имаат над 100.000 евра. Нема причина за подигнување на заштедите. Романија ја гарантира неприкосновеноста на влоговите, а со тоа и на банката „Марфин Романија“, чиј главен акционер е Народната банка на Кипар, која е во ликвидација“, увери денеска гувернерот на романската Централна банка Мугур Исареску. Тој информираше и дека голем број штедачи ги префрлаат парите од мали и средни банки во поголеми, но посочи дека ваквата појава нема да има посериозни последици врз банкарскиот систем во земјата.  
Слично

Поврзани вести