СЕ ИСПИТУВА СМРТ НА ПАЦИЕНТИ КОИ КОРИСТЕЛЕ ЛЕК НА КОБАЈАШИ ФАРМАЦЕУТИКАЛ: Извршните директори поднесоа оставки
Главните извршни директори на јапонскиот фармацевтски гигант „Кобајаши
фармасеутикал“ поднесоа оставки, преземајќи ја одговорноста за контаминација на
додаток во исхраната поради што
најверојатно починале 80 луѓе, објави
Би-Би-Си.
Во март компанијата објави дека биле пријавени 5 смртни случаи поврзани со редовното користење на додатокот од ферментиран ориз „бени коџи“. Тогаш Кобајаши Фармнацеутикал објави дека им пристигнале извештаи од пациенти за проблеми со бубрезите. Луѓето пријавиле симптоми како што се промени во бојата на нивната урина, оток на екстремитетите и замор.
Kobayashi Pharmaceutical подоцна соопшти дека пронашла потенцијално токсична киселина произведена од мувлата во една од нејзините фабрики.
Компанијата соопшти дека претседателот Акихиро Кобајаши и претседателот Казумаса Кобајаши, двајцата членови на основачкото семејство на фирмата, поднеле оставка.
Акихиро Кобајаши, кој рече дека сака да преземе одговорност за каква било штета нанесена на клиентите, ќе остане во компанијата за да се справи со какви било договори за компензација.
