Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ИСЕЛИЛЕ ВО НОРВЕШКА: Брачен пар открива како се живее во Скандинавија

СЕ ИСЕЛИЛЕ ВО НОРВЕШКА: Брачен пар открива како се живее во Скандинавија

Mлад брачен пар кој денес живее во Осло, Норвешка се иселил пред 3 години, иако имале во Загреб просечни плати. 

Тие велат дека никаде не е како во бајка, но ако споредат со Хрватска, сепак во Норвешка им е многу подобро. 

„Сите мислат дека овде е многу мрачно, но климата е како во Хрватска, затоа што и времето секаде се смени последниве години“, велат тие. 

Во Норвешка работат за просечна плата. Додаваат дека минималецот е 1.800 евра, а просекот е 2.900 евра. 

„Овде ве плаќаат по час, и колку ќе одработите, толку ќе заработите“, велат тие. 

Додаваат дека газдите секој месец одвојуваат по 10% за годишен одмор. 

Кога луѓето одат на годишен одмор, добиваат уште една плата. 

За цените велат дека се исти како во Хрватска, но на попуст може и да се најдат дури и поевтини работи. 

Слично

Поврзани вести