Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се евакуира трговски центар во Манчестер?

Се евакуира трговски центар во Манчестер?

Луѓе бегаат од трговски центар во градот Манчестер во Англија. 

Новинската агенција Ројтерс цитира сведоци како велат дека слушнале силен тресок.

Едно лице е уапсено, потврдуваат од полицијата. 

Претходно најмалку 22 луѓе беа убиени, а околу беа 59 ранети во експлозија пред арената во Манчестер каде американската поп пејачка Аријана Гранде имаше концерт. Сведоци изјавија дека слушнале голема експлозија вчера околу 21 часот и 45 минути по локално време во моментот кога луѓето излегувале од арената.

Во меѓувреме и британската премиерка Тереза Меј изјави дека „нема сомнение“ дека експлозијата на концертот во Манчестер ноќта на 22 мај е „груб терористички напад“ и дека полицијата го утврдила идентитетот на напаѓачот. За неа тоа е варварски чин и изрази сочувство до граѓаните. Мејл вели дека граѓаните треба да бидат претпазливи, но не и исплашени, затоа што според неа терористите сакаат да ги поделат луѓето. 

Слично

Поврзани вести