СЕ Е ПОДГОТВЕНО: Унгарија ќе добива руски гас од „Турски поток“
Унгарија и „Газпром“ потпишаа договор за снабдување на гас во Европа преку гасоводот „Турски поток“, а првите достави ќе започнат кон крајот на 2019 година. Ова го изјави унгарскиот министер за надворешни економски врски и министер за надворешни работи Петер Сијарто пред агенцијата МТИ по потпишувањето на соодветниот договор во Москва со шефот на „Газпром“ Алексеј Милер.
„Барањето за руски гас во ЕУ расте, и покрај хипокризијата на западните земји“, додаде министерот и потсети дека оваа зима „Газпром“ продаде во Европа рекордни количества од гас.
Сијарто истакна дека Бугарија и Србија веќе ги потпишале сите потребни документи за изградба на гасоводот. „Гасоводот ќе овозможи да се испорачуваат во Унгарија во Србија 8 милијарди кубни метри гас годишно“, рече министерот.
Во почетокот на јуни Петер Сијарто изјави дека Унгарија ги обновила преговорите со Русија за изградба на нов гасовод искористувајќи ги можностите на неискористениот проект „Јужен поток“, кој требаше да помине низ Бугарија.
