Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ Е НА МОСКВА: Путин планира воздушни напади на џихадистите

СЕ Е НА МОСКВА: Путин планира воздушни напади на џихадистите

Рускиот претседател Владмир Путин се подготвува на воздушни удари против Исламската држава во Сирија ако САД го одбие неговиот предлог на здружување на силите, пренесува Блумберг повикувајќи се на извори блиски до Кремљ и руското министерство за одбрана.

Русија го зголеми военото присуство во Сирија и ја вооружува сириската војска потпирајќи го така долгогодишниот сојузник Башар ал Асад. Тоа предизвикало земјите од Западот, противници на Асад, да ја предупредат Москва да ја ризикува понатамошната дестабилизација.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/Hugodixon/status/646920959153307648?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Руски дипломатски извор рекол за Ројтерес дека во Москва растат изгледите за постигнување на меѓународен договор за борба против тероризмот во Сирија и завршување на кризата која се протега во петата година.

Како што се наведува, Путин би сакал американските власти и нивните сојузници да се согласат нападите на Исламска држава да се координираат со Русија, Иран и сириската војска. Блумберг наведува како предлогот на Путин предвидува паралелни воени активности од политичката транзиција од која Асад се повлекува што се клучно американско барање . Русија тој предлог и го проследи на САД.

Слично

Поврзани вести