Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЧЕКАШЕ ДОЛГО: Арапите и Путин ја „подигнаа“ нафтата

СЕ ЧЕКАШЕ ДОЛГО: Арапите и Путин ја „подигнаа“ нафтата

Нафтата се тргуваше по нјависока цена во речиси 15 месеци бидејќи Саудиска Арабија и Русија изразија подготвеност да соработуваат на ограничување на производството.

Како што извести Блумберг, цените на нафтените фјучерси незначајно се промениле во Њујорк после вчерашниот скок од 3,1 отсто.

Американската „лесна“ нафта WTI за испораки во ноември се тргуваше утрово во 2,22 часот на Њујоршката берза за 51,24 долари за барел.

Тоа е за 11 центи пониско од максимумот достигнат вчера.кога пораснала за 1,54 долари на 51,35 долари за барел, што е највисоко ниво од 15 јули 2015. Вкупнот обем на тргување бил околу 49 отсто под 100 дневниот просек.

Северноморската сирова нафта брент за испорака во декември е договарана по цена од 53,04 долари за барел, исто така за 10 центи пониско од вчера, на ICE Европската берза фјучерси со седиште во Лондон.

Цената на брентот инаку вчера скокна за 1,21 долар (2,3 отсто) на 53,4 долари по барел што е рекордно ниво од 31 август 2015.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата земја е подготвена да им се придружи на ОПЕК во напорите за стабилизација на пазарот, што би значело замрзнување или намалување на производството.

Саудискиот министер за енергетиа Калид Ал Фалих потврдил дека други земји се подготвени на соработка, додавајќи дека е оптимист во поглед на постгнувањето на спогодбата.

Слично

Поврзани вести