Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се чека одлуката за случајот на Субрата Рој

Се чека одлуката за случајот на Субрата Рој
Апелациониот суд ќе ја одржи својата завршна расправа денеска за случајот на шефот на Сахара група, Субрата Рој, против одлуката на индиското регулаторно тело СЕБИ кое ги замрзна неговите банкарски сметки и други средства, заедно со оние на две групни фирми и нивните главни извршители. Рој се обратил до судот против наредбите  издадени од страна на СЕБИ минатиот месец. Предметот се однесува на одлуката на Врховниот суд за поврат на 4,4 милијарди долари покренати од две компании дел од групацијата Субрата – Sahara India Real Estate Corp Ltd и Sahara Housing Investment Corp Ltd, преку емисија на обврзници за што од СЕБИ е побарано олеснета наплата. По истекот на поставениот рок од страна на судот за наплата, минатиот месец СЕБИ издаде две поврзани наредби против двете компании и нивните извршни директори, вклучувајки го и Субрата Рој. За време на целодневната расправа во саботата Рој ги негираше обвиненијата од страна на СЕБИ, посочувајки дека тие немаат такви овластувања. Спротивно од тоа, СЕБИ побара од судот да ја отфрли жалбата бидејки на компанијата досега и биле дадени многу можности. Во меѓувреме индискиот регулатор, побарал од Врховниот суд притворање на Субрата Рој - барање за кое судот ќе расправа во првата недела од Април.
Слично

Поврзани вести