СЕ ЧЕКА ОДГОВОР НА АМЕРИКА: Русија претстави предлог за прекин на огнот во Сирија!
Русија го изнесе својот став за прекин на огнот во Сирија и се очекува одговор од САД, рекол шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пренесуваат руски медиуми.
„Претставивме предлози за имплементирање на прекин на огнот, и тоа многу прецизни“, рекол Лавров на почетокот на состанокот со државниот секретар на САД Џон Кери.
„Чекаме одговор од САД пред да го претставиме предлогот на Меѓународната група за поддршка на Сирија“, додал тој.
Претходно Русија го предложи 1 март како датум за почеток на прекин на огнот, пренесува АП и Ројтерс повикувајќи се на неименувани американски претставници.
Повеќе информации се најавени за подоцна.
Слично
