Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ БУДИ ПРЕД ЗОРИ, ЧИТА МЕЈЛОВИ, ПА ОДИ ВО ТЕРЕТАНА: Секојдневната рутина извршниот директор на ЕПЛ, Тим Кук

СЕ БУДИ ПРЕД ЗОРИ, ЧИТА МЕЈЛОВИ, ПА ОДИ ВО ТЕРЕТАНА: Секојдневната рутина извршниот директор на ЕПЛ, Тим Кук

Водењето на најголемата компанија во светот бара многу, вклучително и многу рано станување.

Извршниот директор на Apple, Тим Кук, се буди пред зори секој ден и ја започнува својата рутина со читање на илјадници мејлови на клиентите пред да оди во теретана.

Иако е познато дека Кук ја сака својата приватност, со текот на годините споделува дел од својата секојдневна рутина.

Порталот Business Insider направи детален преглед на секојдневниот живот на Кук и тоа изгледа отприлика вака:

Се буди околу 3.45 часот

„Денес имав дополнително спиење, спиев до 4.30“, се пошегува Кук за својот „ран аларм“.

Тој објаснува дека тоа му дава слобода во текот на денот.

- Утрото можам да го контролирам подобро од вечерта и во текот на денот. Во текот на денот се случуваат работи кои ве „вадат“ од курсот – вели Кук.

- Утрото е твое, поточно, раното утро е твое - додава тој.

Маратонски состаноци

Откако ќе стане рано, тој чита мејлови за повратни информации од клиентите, а потоа оди на тренинг неколку пати неделно.

По теретана, на пат кон работа, оди во Старбакс. По пристигнувањето во канцеларијата, започнува маратонот на состаноци.

Една веб-страница објави во 2014 година дека неделните оперативни состаноци на Кук може да траат пет или шест часа и дека е познат по тоа што безмилосно ги испрашува вработените.

Исто така, нема проблем да седи во тишина додека не добие адекватен одговор.

- На состаноците тој е познат по долгите, непријатни паузи кога сè што слушате е звукот како ја отстранува обвивката од енергетските барчиња што постојано ги јаде - објави Си-Ен-Ен Мони.

Како резултат на тоа, вработените научија да се подготвуваат за состанокот како да е „некој вид на тест“

Ручек во кафетеријата

Во 2014 година, списанието објави дека покрај енергетските барчиња, кои ги грицка во текот на денот, тој се држи до јадења како пилешко и ориз за ручек.

Познато е дека јаде во кафетеријата со вработените, за разлика од неговиот претходник Стив Џобс, кој обично јадеше со шефот на дизајнот, Џонатан Ајв.

Но, откако ќе заврши работниот ден,  животот на Кук е вистинска мистерија.

ФОТО: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Слично

Поврзани вести