Се бројат жртви во САД по серија торнада, има над 50 загинати
Најмалку 50 луѓе синоќа загинале во торнадото во Кентаки.
Информацијата денеска ја потврди гувернерот Енди Башир, објави Си-Ен-Ен. Тој се плаши дека бројот на жртви ќе биде поголем. Најтешко е погоден округот Грејвс, вклучително и градот Мејфилд. Таму се наоѓа фабрика чиј покрив се урнал при налетот на торнадото. Во тој град се испратени цистерни со вода за пиење за луѓето. Бројни торнада и бури синоќа погодија неколку сојузни држави на средниот запад и југоисточниот дел на САД, вклучувајќи ги и државите Арканзас, Кентаки, Мисури, Илиноис и Тенеси. Во Тенеси најмалку три лица загинаа, додека во северниот дел на Арканзас едно лице загина, а најмалку пет се повредени при оштетување на покривот на дом за стари лица.
Фото ROBERT COHEN / POLARIS / PROFIMEDIA
