Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ БОРАТ ПРОТИВ ЕВТИНИ КОПИИ: Русите ја креваат цената на вотката

СЕ БОРАТ ПРОТИВ ЕВТИНИ КОПИИ: Русите ја креваат цената на вотката

 Во Русија за пет рубљи пораснала минималната цена на вотката, која сега чини 190 рубљи за флаша од 0,5 лири.

Промената на цената на овој баран производ е мерка против евтините фалсификати на пазарот на алкохол.

Истовремено, „aкцизата“ за вотка не се променила од 2014 година-500 рубљи за литар апсолутен алкохол.

Минималната цена на коњакот и виното останала иста 293 рубљи за флаша вино од 0,5 литри и 322 рубљи за флаша коњак.

Произведувачите на алкохол предлагаат да се намали акцизата бидејќи тоа ќе помогне од пазарот да се исфрлат илегалните производи.

Истовремено, во Русија продолжува трендот на пад на бројот на оние кои конзумираат алкохол.

Слично

Поврзани вести