СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ НА ПАНДЕМИЈАТА: Во Кина регистриран само еден новозаразен од вирусот
Во Кина е регистриран само еден нов случај на корона вирусот, а во текот на
претходниот ден само 12, соопштија кинеските здравствени власти.
Новорегистрираниот пациент со Ковид-19, допатувал во Кина од странство.
Вкупниот број на заразени во Кина изнесува 82.875, a починаа вкупно 4.633 лица.
Најтешка е ситуацијата се уште во САД, каде до сега заболеа 1.131.492 што е една третина од вкупниот број инфицирани луѓе во светот, а починаа речиси 66.000 луѓе.
Американската агенција за храна и лекови (ФДА) итно го одобри за употреба лекот ремдесивир, со кои се лекуваа пациенти инфицирани со ебола, па сега ќе се користи и за новиот корона вирус. Како што пренесува Би-Би-Си, со овој антивирусен лек ќе се лекуваат луѓето со најтешка клиничка слика кои се хоспитализирани.
