СЕ БЛИЖИ 2 ЈУНИ: Франција ќе излезе од изолација
Франција наскоро излегува од изолација.
Државата од 2 јуни ќе излезе од строгата изолација, која започна на 17 март, јави дописникот на МИА.
Сите училишта и гимназии во зелените зони ќе бидат отворени за учениците, но полагањето на матурата по француски јазик е откажана, како и усниот испит, таа ќе биде валидирана преку постојаната контрола во текот на минатата школската година.
Плажите, езерата, исто така, ќе може да отворат од 2 јуни.Јавните паркови и градини исто така ќе бидат отворени, колективните спортови ќе бидат исто така одобрени со максимално учество на 10 лица.
Отворање на киносалите ќе се случи на 22 јуни.
Аеродормот Орли ќе биде повторно отворен за сообраќај на 26 јуни.
Слично
