Се ближи крајот на ерата на евтини пари?!
Минатата недела се тргуваше многу несигурно на светските берзи, а инвеститорите стравуваа дека завршува ерата на исклучително лабава монетарна политика.
Индексот на Вол Стрит, Дау Џонс падна за 1,2 проценти на 15.070 поени, додека S & P 500 за 1 отсто на 1.626 поени. Индексот Насдак падна за 1,3 проценти до 3423 поени што е трет пад во последните четири недели.
Ова се должи на неизвесноста во врска со монетарната политика на Банката на федерални резерви. Со откупот на хипотекарните обврзници во вредност од 85 милијарди долари месечно, од страна на американската централна банка веќе долго време се инјектираат евтини пари на финансиските пазари, што е главен двигател на растот на цените на акциите.
Пред три недели, кога директорот на Банката на федерални резерви Бен Бернанке изјави дека за намалувањето на овие програми ќе се дискутира на една од наредните седници на централната банка, инвеститорите се вознемирени, бидејќи овој пазар загуби голем поддршка.
„Инвеститорите се загрижени во врска со можноста за намалување на поттикнувачките програми на ФЕД и како тоа ќе влијае на пазарот. Нивото на несигурност во последниве неколку недели се зголеми ужасно, а перцепцијата на зголемен ризик може и големите играчи, како што се фондовите,да ги натера да продаваат, што пак уште повеќе ќе ја намали на цената на акциите ", вели Пол Земси, директор на фондот „ING Investment Management“.
Дополнителна загриженост на инвеститорите им зададе јапонската централна банка за која и понатаму курсот на монетарната политика останува непроменет. Во април, Банката на Јапонија усвои мерки за поттикнување на финансиските пазари во следните две години и да се инјектираат 1,4 милијарди долари.
Инвеститорите се надеваа дека централната банка ќе објави дополнителни мерки. Но тоа не беше направено, па се постави прашањето е дали оваа промена во политиката на централните банки, се ближи ли крајот на ерата на евтини пари?
„ И сега некои централни банки ни порачуваат дека во иднина треба да очекуваме помалку од нив. Со тоа што нема дополнително олабавување на монетарната политика, ова нам ни го порача и јапонската централната банка, а слабоста на пазарот на акции во светот покажува колку инвеститорите се вознемирени ", изјави Кевин Карон, стратег во компанијата „Stifel, Nicolaus & Co“.
Слично
