Се бара судот во Хаг да испита дали Израел изврши воени злосторства
Амнести Интернешнл на Твитер објави дека судот во Хаг мора да го испита нападот врз кампот Ал Шати. Додаваат дека директните напади врз цивили се воено злосторство и дека нападот врз зградата на медиумите мора да се испита како таков.
Десет члена на едно семејство се убиени во израелските воздушни напади вчера. Зградата во која се наоѓаа канцелариите на Асошиејтед Прес, Ал Џезира и Кувајтската телевизија беше урната.
Во бегалскиот камп Ал Шати беше убиено семејство.Три згради беа уништени во нов напад денеска, при што загинаа 33 лица, 12 жени и осум деца.
Во светот едни даваат поддршка на Хамас, други на Израел, но имаше и повици за смирување на тензиите.
Слично
