Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА УКРАИНА: Запорожје ќе биде неутрална зона?

СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА УКРАИНА: Запорожје ќе биде неутрална зона?

Како што објави „Њујорк пост“, пак, мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина го разгледува создавањето на заедничка комисија за следење на прекинот на огнот. Таа комисија би вклучувала претставници на Украина, Русија и трета земја која не е членка на НАТО.

Весникот пишува и дека се разгледува идејата за создавање неутрална зона околу нуклеарната централа Запорожје и дека Украина е под притисок да го прифати пакетот понуди од САД вклучително и потенцијално признавање на руската анексија на Крим во 2014 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп во сабота, 26 април, ќе се сретнат на погребот на папата Франциск во Ватикан.

Според неименуван функционер, САД би можеле да бидат „вклучени“, но не „со чизми на земја“, туку како финансиска сила, заедно со трета страна.

Претставник на американската влада за весникот вели дека во Украина се најмногу загрижени за „земјениот“ дел од договорот, односно признавање на деловите од Украина окупирани од Русија, кои, според претставникот, Киев е спремен да ги признае само како „де факто“ отцепени, но не и законски, „де јуре“.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година, со барање за демилитаризација, денацификација и признавање на независноста на Доњецк и Луганск, а потоа руските власти кажаа дека целта е ослободување на Донбас. 

Слично

Поврзани вести