Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ БАРА ФОРМИРАЊЕ НА ПАЛЕСТИНСКА ДРЖАВА ПОКРАЈ ИЗРАЕЛ: Упатен е повик за соживот меѓу Израелците и Палестинците

СЕ БАРА ФОРМИРАЊЕ НА ПАЛЕСТИНСКА ДРЖАВА ПОКРАЈ ИЗРАЕЛ: Упатен е повик за соживот меѓу Израелците и Палестинците

Демонстранти синоќа излегоа на улиците на Тел Авив барајќи соживот на Евреите и Арапите.

Вакви протести имаше во повеќе градови во Израел, со кои се бара мир меѓу Израелците и Палестинците по 11-дневниот конфликт.  Претседателот на највлијателната арапска партија во Кнесетот, Ајман Одех, повика на формирање палестинска држава покрај Израел. Познатиот израелски писател Дејвид Гросман, пак, изјави дека битката што се води денес не е борба меѓу Арапите и Евреите, туку, како што рече, меѓу оние кои од двете страни се обидуваат да живеат во мир и во чесна соработка и оние кои и на едната и на другата страна се хранат со омраза и насилство.

Во Појасот Газа состојбата се нормализира. 

Слично

Поврзани вести