Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ БАРА ДА УПЛАТАТ И ПАРИ: Шпанија ќе им суди на 25 каталонски сепратисти

СЕ БАРА ДА УПЛАТАТ И ПАРИ: Шпанија ќе им суди на 25 каталонски сепратисти

Врховниот суд на Шпанија вчера соопшти дека 13 каталонски лидери ќе ги обвини за бунт, кривично дело казниво со 25 години затвор, поради нивната улога во обидот за прогласување на независност на Каталонија лани. 

На 25 сепаратистички политичари ќе им се суди за бунт, проневера или непослушност. 

Се бара 14-те члена на претходната каталонска регионална администрација да уплатат 2,1 милион евра на банкарска сметка за да ги вратат парите што се користеле за одржувањето нелегалниот референдум за независност оддржан на 1 октомври како и да ги покријат судските трошоци.

Каталонија е во политичка неизвесност откако шпанскиот премиер Маријано Рахој ја презеде власта во регионот откако Каталонија еднострано прогласи независност во октомври.

Оттогаш поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пучдемон е во само-наметнат егзил во Брисел и најверојатно ќе биде уапсен ако се врати во Шпанија.

Врховниот суд во петокот ги повика петмината сепаратистички водачи за да одлучи дали тие ќе бидат притворени, со што судот ја започна фазата во истрагата што му претходи на судскиот процес.

Судот сѐ уште не одлучи дали петмината ќе бидат затворени пред судењето, иако една од петте Марта Ровира во петокот рече дека избегала од Шпанија и заминала во егзил.

Слично

Поврзани вести