СЕ БАРА ЧАРЕ: Британците заинтересирани за пасоши од Австралија и Нов Зеланд
По гласањето за излез на Велика Британија од Европската унија кон крајот на јуни имиграциските власти на Нов Зеланд и Австралија предвидеа сериозен раст на британски посетители на релевантни веб-сајтови. Бројот на прегледи скокнал неочекувано брзо, јави претставници, пренесуваат светските медиуми.
Како што е познато, на 23 јуни Британците гласаа за Брегзит што барем на краток рок доведе до намалување на бројот на економски показатели главно во Велика Британија, но исто така и во други земји од ЕУ.
Новозеландскиот сајт со совети за имиграција добил во двете недели по референдумот 5300 посети дневно од Британија. Претходно просечните посети од Островот биле околу 1700. Речиси двојно повеќе Британци се регистрирале на сајтот, за да добиваат автоматски информации за можностите за студирање, работа и инвестиции во земјата.
На денот по британскиот референдум австралискиот сајт со условите за давање на државјанство забележа раст на посети од Британија од цели 368 отсто до 890. Бројот на прегледи месец по гласањето останува висок - со 27% повеќе отколку пред гласањето.
И за двете земји ЕУ е трет по важност трговски партнер. Во случајот на Нов Зеланд - по Австралија и Кина, а во овој на Австралија - по Кина и Јапонија. И двете држави остваруваат најсериозна стоковата размена во рамките на ЕУ токму со Британија. Околу една третина од извозот на Нов Зеланд за ЕУ е за Островот, во случајот со Австралија овој удел е 40%.
Двете земја веќе најавија дека имаат намера да договорат нови договори за слободна трговија со Лондон.
Во средината на јули веќе стана јасно дека голем број европски земји, вклучувајќи ги Германија, Унгарија и Полска, предвиделе бран барања за државјанство од Британци, кои бараат начини да ја осигураат можноста да живеат и работат на континентот. Во зависност од резултатот на преговорите за излез од ЕУ Британците може да го изгубат правото слободно да се движат низ Европа, освен ако не добијат државјанство на друга земја членка на Унијата. Барања за пасоши се добиени и од бугарската амбасада во Лондон.
Во првите денови по референдумот бран барања за државјанство ја зафатил амбасадата на Ирска и поштенските филијали во Северна Ирска.
