Се активира вулканот во Гватемала
Вулканот Фуего поработи денеска прв пат после две години, соопштија официјални лица.
Ерупцијата на вулканот предизвикала паника кај луѓето во околните села, а сообраќајни надлежници биле приморани да ја промената рутата на сообраќајот.
Според наводите на официјалните лица, вулканот исфрлал дим и пепел три до четири пати во текот на еден час.
Геолозите наведуваат дека вулканот исфрлал огромни количини на дим на висина од 4300 метри.
Вулканот Фуего, висок 3760 метри, се наоѓа над туристичкиот град Антиква, на југозападот од Гватемала и е еден од најактивните вулкани во централна Америка.
Слично
