Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?
Соединетите Американски Држави(САД) ѝ нудат на Украина „корејско сценарио“ за мир со Русија и брз пристап во Европската Унија(ЕУ).
Украински функционери потврдија дека се дискутираат три документи: мировен план, безбедносни гаранции и план за економско закрепнување. Главните идеи вклучуваат: Украина да се приклучи на ЕУ во 2027 година, САД и Европа да обезбедат безбедносни гаранции, Русија да нема вето врз суверенитетот на Украина, воспоставување демилитаризирана зона слична на Северна и Јужна Кореја, враќање на нуклеарната централа „Запорожје“ и привлекување инвестициски фондови за економско закрепнување. Планирано е да се искористат и замрзнатите руски средства за обнова на земјата. Русија ја нападна Украина на 24 февруари во 2022 година.
фото Фејсбук/Володимир Зеленски
