Економија, финансии, бизнис

Контакт

Саудиски принц ветил Бентли за секој пилот кој го бомбардирал Јемен

Саудиски принц ветил Бентли за секој пилот кој го бомбардирал Јемен

Саудискиот принц Ал Валид ибн Талал ветил дека ќе подари по едно ново Бентли на секој пилот од кралството кој учествувал во воздушните напади во Јемен. Како што соопшти „прес-Ти-Ви“, милијардерот планира да подари вкупно стотина луксузни коли на саудиските пилоти кои учествувале во последните бомбардирања.

„Ги поздравувам нашите мудри водачи по повод победата во операцијата „решителна бура“ и започнатата операција“ Преродба на надежта.“ Во знак на благодарност за стотици пилоти кои учествувале во операцијата, со радост им подарувам сто возила „Бентли“, изјавил принцот.

Ибн Талал е сопственик на најголемата компанија во кралството - „Кингдам холдингс“, поседува и акции над 300 милиони долари од „Твитер инкорпорејтед“, а исто така и хартии од вредност на „Apple“, „Тајм Ворнер“ и „Ситигруп“. Според проценките, неговото богатство достигнува до 23 милијарди долари.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, минатата ноќ нанесе нови воздушни напади врз позициите на шиитските бунтовници хуси во Јемен, а во јужниот град Аден се водеа борби меѓу завојуваните страни, соопшти „Франс прес“, повикувајќи се на локални жители.

Цел на воздушните напади биле шест објектот на бунтовниците во близина на главниот град Сана, северно од градот Таез и во градот Грим. Други воздушни напади се пријавени во јужната провинција Лахдж и северните и источните провинции на Аден. Во градот цела ноќ се водеа жестоки борби меѓу бунтовниците и борците, лојални на претседателот во егзил Абд Рабу Мансур Хади.

На 26 март Саудиска Арабија ја предводи коалицијата од девет арапски земји, која започна воздушна операција, за да ја запре офанзивата на хусите поддржана од Иран.

Во вторникот саудиската влада објави дека интензивната фаза на ударите е завршена, но тоа не ја задржува можноста да интервенира повторно во случај на закана од страна на бунтовничките движења.

Слично

Поврзани вести