Економија, финансии, бизнис

Контакт

Саудиска Арабија вработува 700 000 домашни помошнички

Саудиска Арабија вработува 700 000 домашни помошнички

Саудиска Арабија ќе издаде нови визи за 700 000 домашни помошнички во обид да се ублажи недостигот на лица кои би работеле како домашни помошнички, а и да се спречи вработувањето на „црно”.

Саудиското министерството за труд ангажирало 10 компании чија работа е да најде и да вработат нови странци, пренесуваат локалните медиуми.

Недостатокот на домашни помошнички доведе до брз раст на „црниот пазар”. Тие  заработуваат плата поголема од 400 долари месечно што е поставена како граница од страна на владата.

Статистичките податоци моментално покажуваат дека во Саудиска Арабија има вработено повеќе од 8 милиони странски работници од кои околу 200 илјади се од западните земји.

Слично

Поврзани вести