Економија, финансии, бизнис

Контакт

Саудиска Арабија се закани дека ќе го нападне Иран

Саудиска Арабија се закани дека ќе го нападне Иран

Саудијците губат трпение и може да извршат напади врз Иран.

Земјата објави дека по иранските напади во текот на ноќта, „дури и онаа мала доверба што постоеше претходно е целосно уништена“.

„Саудиска Арабија го задржува правото да дејствува воено против Иран и секоја доверба во односите со Техеран е нарушена“, изјави саудискиот министер за надворешни работи, Фајсал бин Фархан Ал-Сауд.

Во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад синоќа имаше неколку експлозии.

Како што објави Министерството за одбрана на Саудиска Арабија, армијата на земјата пресретна и уништи четири балистички ракети лансирани кон Ријад.

Остатоци од пресретнувањето паднале во различни области на главниот град, објави министерството, додавајќи дека првичните проценки не укажуваат на никаква штета или повредени.

На 28 февруари Израел и САД почнаа со напади на Иран, а Иран ги напаѓа американските бази во регионот. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести