Саудиска Арабија се закани дека ќе се откаже од безбедносниот статус
Влијателен член на кралското семејство на Саудиска Арабија соопшти дека евентуалната зделка меѓу Иран и светските сили за нуклеарната програма на Техеран може да побуди други земји во регионот да започнат свои нуклеарни програми.
Во интервју за „ББС“ принцот Турк Фејсал истакна дека ако се дозволи на Иран да развива нуклеарна програма, Саудиска Арабија и други држави ќе се откажат од безбедносниот статус.
„Секогаш сум велел дека она што произлегло од овие разговори, ние ќе инсистираме за истото“, изјавил принцот, кој предтоа раководеше со саудиското разузнавање и беше амбасадор на монархијата во Вашингтон и Лондон, но веќе не е официјален претставник на владата.
Саудиска Арабија смета дека Иран како главен ривал во регионот се плаши дека евентуалниот нуклеарен договор ќе им овозможи на Техеран да се здобие со нуклеарно оружје.
