Саудиска Арабија објави петдневнo хуманитарно примирје во Јемен
Саудиска Арабија објави петдневнo хуманитарно примирје во Јемен, соопштуваат Ројтерс и АП.
На прес-конференцијата со државниот секретар на САД Џон Кери во Ријад новиот министер за надворешни работи на монархијата Адел Ал Жубер истакна дека примирјето ќе зависи од шиитските бунтовници во Јемен.
Кери од своја страна ја поздрави новата иницијатива на монархијата и истакна дека завојуваните страни работат на спецификација кога да влезе во сила примирјето.
Дипломатот на САД ги повика бунтовниците да го прифатат предлогот. Според зборовите на Кери САД остануваат загрижени за дестабилизирање на активности на Иран во регионот.
Иницијативата значи дека коалицијата предводена од Саудиска Арабија ќе ги запре воздушните напади во Јемен.
Жубер изрази надеж поддржани од Иран хусите да ги прекинат нападите. Тој исто така рече дека нема контакт со бунтовниците, за да разговара за иницијативата. "Или ќе има примирје секаде или никаде", категоричен беше Жубер.
Хуманитарни организации предупредија дека милиони йеменци потреба од храна, лекови и гориво.
Не е јасно кога ќе почне т.н. "хуманитарна пауза".
