Саудиска Арабија: Кога снема нафта, добри се и туристите
Властите во Саудиска Арабија го открија планот земјата да ја направат помалку зависна од нафта, и веќе се појави еден извор на приходи кој би можел да им помогне во таа намера-религиозен туризам.
Властите планираат да ги олабават условите за виза за аџии кои би можеле да останат и подолго во земјата и да посетат многу места кои немаат врска со религијата.
Сега религиозниот туризам донесува 2,7 одсто од БДП на земјата. Во пари тоа е 12 милијарди долари годишно. Планот е тоа да се зголеми на 20 милијарди во наредните четири години.
Проценките се дека бројот на религиозни туристи во земјата со осум милиони оваа година ќе порасне на 15 милиони до 2020, и 30 милиони до 2030 година.
За да се оствари тој голем инфраструктурен проект, вклучувајќи изградба на нови железници е на пат. Нова содржина како музеи на отворено исто така.
Меѓудругото, во план е и мост кој преку Црвеното море ќе ја поврзе Саудиска Арабија и Египет и ќе отвори пристап за 90 милиони египетски муслимани.
