САУДИСКА АРАБИЈА ЌЕ ТРПИ ТЕШКИ ПОСЛЕДИЦИ: Бајден најавува жестоки мерки заради намалувањето на производството на нафта
Американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека Саудиска
Арабија ќе ги трпи „последиците“ затоа што Ријад издејствува договор со земјите на ОПЕК + за намалување на
производството на нафта, што веднаш ги зголемило цените на „црното злато“ за
околу 10 проценти.
Ваквата одлука неминовно дополнително ќе ја зголеми цената на горивото во САД, што предизвика незадоволство кај шефот на Белата куќа.
„Ќе има некои последици за она што го направија со Русија“, рече Бајден во интервју за Си-Ен-Ен, додавајќи дека „нема да навлегува во она што го има на ум“ во таа прилика.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека Бајден работи на преоценување на односите на земјата со Саудиска Арабија.
„Претседателот сега е подготвен да работи со Конгресот за тоа каков ќе биде односот со Саудиска Арабија во иднина“, рече Кирби.
Инаку, неодамна конгресмените на Демократската партија подготвија предлог-закон со кој се дозволува отстранување на американските воени средства и војници стационирани во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
Фото: ЕПА/JEMAL COUNTESS / POOL