Економија, финансии, бизнис

Контакт

Саудиска Арабија ќе ја зголеми цената на нафтата до 40%

Саудиска Арабија ќе ја зголеми цената на нафтата до 40%

Саудиска Арабија објави дека ќе ја зголеми цената на нафтата до 40% од вторникот, по објавувањето на информацијата за рекордниот буџетски дефицит на земјата.

Ќе бидат зголемени и цените за електрична енергија, вода, дизел и керозин поради штедењето, идентификувано од страна на Министерскиот совет, на чело со кралот Салман.

Пред неколку дена „Ројал банк оф Скотланд“ предупреди дека цените на нафтата може да достигнат 16 долари за барел уште во почетокот на 2016 година, а пренесе „УНИАН“.

Според експертите, причините за тоа се намалувањето на побарувачката, големата понуда и топлата зима.

„Ако ги оставиме настрана техничките проценки, сето тоа е просто- имаме намалување на побарувачката за разлика на бум на понудата, голема и без влез на пазарот на нафта од Иран, што се очекува следната година.

Тоа е двоен удар за цените. Освен тоа, се соочуваме со топла зима која не ја очекувавме“, изјавил главниот економист на „Ројал банк оф Скотланд“ Ендрју Робертс.

Слично

Поврзани вести