Саудиска Арабија им забрани на жените да работат како келнерки
Министерството за труд на Саудиска Арабија издаде декрет, со кој се забранува на жените да работат како келнерки и касиерки во рестораните во кралството, објави БиБиСи.
Декретот е издадена без конкретни појаснувања зошто се носи. Жените во Саудиска Арабија го задржуваат само правото да работат како касиерки во продавниците, кое пак им беше овозможено во 2010 година.
Меѓународните набљудувачи коментираат дека и покрај острите критики од страна на исламското свештенство во земјата, дел од жените во Саудиска Арабија го искористија ова право и одлучија да се вработата и самите да заработуваат.
Слично
