Саудиска Арабија го „затегнува ременот“ поради ниските цени на нафтата
Властите во Саудиска Арабија одлучија да ги намалат буџетските трошоци поради падот на цените на нафтата на светските пазари. Токму нафтата го формира основниот извоз на земјата.
Министерот за финансии Ибрахим Аласаф изјавил дека работата над некои веќе одобрени проекти ќе биде привремено прекината. Не се посочува во оваа фаза за колку време е донесена одлука за да се земат мерки за ограничување.
Аласаф исто така не конкретизирал за која или за кои од сферите на активност на владата станува збор, но нагласува дека економиите нема да влијаат на образованието и медицинските услуги.
Властите на Саудиска Арабија укажуваат дека во врска со падот на цените на нафтата, во буџетот нема да влезат околу 40 милијарди долари. Според меѓународни експерти сепак таа сума може да се покаже и значително поголема.
