Саудиска Арабија го протерува канадскиот амбасадор од земјата
Саудиска Арабија му даде 24 часа на
канадскиот амбасадор Денис Хорак да ја напушти земјата, откако Канада го критикуваше
апсењето на активистка за човекови права.
Исто така, саудиското министерство за надворешни работи најави дека ги стопира сите проекти меѓу двете земји, а Канада увезува околу 10 отсто од нафата на Саудиска Арабија.

Во соопшението на министерството се истакнува дека другите земји не треба да се мешаат во внатрешните работи на земјата, која сигурно води поголема грижа за сопствените граѓани.
Од друга страна пак, канадското министерство за надворешни работи излезе со соопштение во кое нагласи дека се загрижени за чекорот на Саудиска Арабија, но дека секогаш ќе бидат на страната на човечките, особено на женските права.
