Економија, финансии, бизнис

Контакт

Саудијките сакаат да возат воз од Мека до Медина, на оглас се јавиле 28.000

Саудијките сакаат да возат воз од Мека до Медина, на оглас се јавиле 28.000

На конкурс за машиновозач во Саудиска Арабија се пријавиле 28.000 жени. 

Избраните кандидатки ќе возат брзи возови меѓу Мека и Медина по една година платена обука. Компанијата Renfe информира дека сака да им овозможи на жените да работат, а сега вработува 80 мажи на позицијата машиновозачи во Саудиска Арабија, додека 50 се на обука. Шпанскиот железнички оператор Renfe oбјави дека онлајн процената на образование и познавање на англиски јазик помогнала да се намали бројот на кандидатки за половина, а остатокот ќе биде проверен до средината на март. Во Саудиска Арабија се зголемуваат правата на жените. Нив не им беше дозволено да возат автомобил до 2018 година. За да станат учителки и медицински работници до неодамна имаше строги правила. Учеството на жените како работна сила скоро двојно се зголеми во последните 5 години. Претходно, на пазарот на труд доминираа мажите и мигрантите. 

Слично

Поврзани вести