САУДИЈЦИТЕ РАЗБИЛЕ ЧЕТИРИ ЏИХАДИСТИЧКИ ЌЕЛИИ: Уапсени 18 терористи, пронашле огромна сума пари во кеш!
Саудиските власти уапсиле 18 осомничени припадници на ИСИС, вклучувајќи изработувачи на бомби, рекол денеска портпаролот на саудиското Министерство за внатрешни работи.
Во соопштението на Министерството се наведува дека Саудиска Арабија разбила четири ќелии на Исламска држава, осомничени за пружање на засолниште на гонетите екстремисти и регрутирање на борци, јавува саудиската државна телевизија.
При таа прилика се уапсени 15 Саудијци, двајца Јеменци, и еден Сауданец, а од ќелиите е запленето автоматско оружје, како и 530 000 долари во кеш, стои во соопштението, пренесува Ројтерс.
Според зборовите на портпаролот на Министерството, осомничените имале различни улоги вклучувајќи логистички операции и регрутирање, како и пружање на засолниште и финансиска поддршка на екстремистите.
Тој рекол дека осомничените имаат искуства во правење експлозивни направи и самоубиствени елеци.
