Саудијците го намалуваат производството на нафта за милион барели дневно, цената порасна
Во неделата, Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините партнери (познати како ОПЕК +) не ги променија планираните намалувања на производството на нафта до крајот на годината.
Сепак, најголемиот светски извозник на нафта, Саудиска Арабија, најави натамошни доброволни намалувања на производството што ќе бидат спроведени од јули.
ОПЕК + соопшти дека производството на „црното злато“ ќе се намали за дополнителни 1,4 милиони барели дневно, почнувајќи од 2024 година
Земјите производители на нафта се согласија на продолжување на намалувањето на производството во обид да ги зголемат сегашните ниски цени.
Саудиска Арабија соопшти дека ќе го намали производството за 1 милион барели дневно во јули, а ОПЕК + вели дека има за цел да го намали за дополнителни 1,4 милиони барели дневно од 2024 година.
Организацијата ОПЕК + сочинува околу 40 отсто од светската сурова нафта и нејзините одлуки можат да имаат големо влијание врз цената на нафтата. Во азиското тргување рано утринава, суровата нафта брент поскапе за цели 2,4 отсто, пред да се „смири“ на околу 77 долари за барел, пишува Би-Би-Си.
Состанокот на земјите богати со нафта на чело со Русија се одржа во недела на 4 јуни и траеше седум часа. Вкупното намалување на производството на нафта, што ОПЕК + го презеде од октомври 2022 година, достигна ниво од 3,66 милиони барели дневно, според зборовите на рускиот вицепремиер Александар Новак.
