Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сателитски снимки потврдија дека е уништен најголемиот храм во Палмира

Сателитски снимки потврдија дека е уништен најголемиот храм во Палмира

По контрадикторните пораки за состојбата на Храмот на Бел - најголемата зграда, сочувана од антиката во реонот на сирискиот град Палмира, ОН шири сателитски снимки, кои не оставаат сомнеж - комплексот од пред речиси 2000 години е срамен со земјата.

За експлозијата од неделата, дело на членовите на групата „Исламска држава“, беше објавено во понеделникот. Неколку часа подоцна Маамун Абдулкарим задолжен за древните споменици во администрацијата на претседателот Башар Асад, изјавил дека според неговите информации штетата не е огромна и поголемиот дел од храмот од римско време си стои.

palmira 8

Но „Unitar“, истражувачката агенција на ОН, докажа со слики дека од највпечатливиот објект на Блискиот Исток - заедно со храмовиот комплекс во Баалбек во Либан, не останало ништо.

„Можеме да го потврдиме уништувањето на главната зграда на Храмот на Бел, како и на колоната околу него“, изјавиле од „Unitar“. На првата од двете слики на агенцијата се гледа местото на 27 август, а на кадри од понеделник штрчат само неколку колони.

Изградбата на комплексот започнала во 32 година пред Христа. Подоцна храмот бил користен како црква и џамија.

Слично

Поврзани вести