Економија, финансии, бизнис

Контакт

Саркози официјално влезе во трката за следен претседател на Франција

Саркози официјално влезе во трката за следен претседател на Франција

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе се обиде повторно да стане претседател на втората најголема економија во Европа.

Саркози потврди официјално дека ќе биде меѓу кандидатите на десноцентристичкиот политички простор во Франција, информира „Политико“.

„Решив да се кандидирам за претседателските избори во 2017 година. Франција бара да и 'дадам се што можам. Чувствувам дека ја имам силата да водам оваа битка во бурниот момент кој го доживуваме“, изјави Саркози.

Покрај Саркози, Републиканската партија во Франција ќе го избира својот официјален кандидат од редовите на уште 11 лица.

Утре, 24 август, поранешниот француски претседател ќе објави официјално и книга за предизборната кампања, насловена „Се за Франција“.

А примарното гласање внатре во Републиканската партија за тоа кој да е официјален кандидат ќе се одржи на 20-ти и 27-ми ноември оваа година.

Покрај Саркози, како кандидати за следен француски претседател се дефинираат и други популарни француски политичари - Ален Жупе, поранешниот премиер Франсоа Фијон и поранешниот министер за земјоделство Бруно ле Мер.

Слично

Поврзани вести