Економија, финансии, бизнис

Контакт

Саркози обвинет и дека зел 50 милиони евра од Гадафи?

Саркози обвинет и дека зел 50 милиони евра од Гадафи?
Поранешниот француски претседател Никола Саркози се соочува со обвиненија дека изнудувал информации и влијаел на текот на истражна постапка, но во истовреме цел е и наводите на истрагата дека од поранешниот либијски лидер Моамер Гадафи зел 50 милиони евра илегални средства за да си ја финансира предизборната кампања. Францускиот премиер Мануел Валс вели дека обвиненијата против Саркози се сериозни и оти истрагата се води независно од тоа што на власт е социјалистичката влада, која ја победи десницата на Саркози на изборите во 2012 година. „Никој не е над законот“, рекол Велс. Поранешниот француски премиер Ален Жипе, од политичката партија на Саркози, истакнал дека се надева оти одбрана на поранешниот француски претседател ќе докаже дека тој е невин.  
Слично

Поврзани вести