Саркози не сака неговата земја да биде поплавена од бегалците
Шенген зоната повеќе не постои, вели екс францускиот претседател Никола Саркози, кој ќе влезе во нова трка за оваа функција на изборите во 2017 година.
„Сакам да избегнам Франција да биде поплавена од бегалци“- додава тој.
Аналитчарите оценуваат дека овие и претходните изјави на Саркози за тоа дека и на натурализираните Французи „предци им се Галите“, само покажуваат дека во десницата се води жестока и отворена кампањата за изборот на кандидат за француски претседател.
Од Кале, каде според проценките има до 12.000 мигранти, Саркози се заложи за „систематска контрола на сите граници, со цел Франција де не биде поплавена од мигранти“. Саркози, кој во 2003 година како министер за внатрешни работи се договори со Велика Британија за поместување на британската гранична контрола на француска територија во Кале, сега смета дека за овој договор треба повторно да се преговара, бидејќи „Французите немаат за цел да им бидат цариници на Англичаните“.
За начинот на кој може да се реши прашањето со мигрантите во Кале, Саркози се заложи за систематска контрола на границите.
Тој ја обвини државата дека не ги исполнува своите надлежности во Кале и тврди дека
ако биде повторно избран за претседател на Франција ќе го реши проблемот во текот
на 2017 година. Саркози смета дека во мигрантскиот камп „Џунгла“ во Кале има два вида на население, тие кои
сакаат да заминат во Велика Британија и тие кои сакаат да живеат во Франција. Вели дека за првите е потребено да се направи сместувачки центар додека се разгледуваат
нивните барања за влез во Велика Британија, а секој од ние вторите, кој не
поднел барање за азил или добивање статус на политички бегалец во Франција, ќе
биде протеран.
