Саркози: Не може да го обвиниме Крим што и се приклучи на Русија
Неможеме да го обинуваме Крим што се одвои од Украина, земјата која беше во криза и одлучи да се приклучи на Русија, изјави поранешниот председател на Франција Никола Саркози.
„Ние сме заедно со Русија дел од една заедничка цивилизација“, изјави Саркози на конгресот на француските централно-десничарски партии „Унија за народно движење“, пренесува Русија денес.
„Интересот на Америка во споредба со Русија не е иста како и во интерес на Европа и Русија“, изјави Саркози, додавајќи: „Ние не сакаме нова студена војна меѓу Европа и Русија“.
Кога станува збор за одлуката на граѓаните на Крим да се одделат од Украина, додека земјата се наоѓа во средината на голема политичка криза, Саркози истакна дека не треба да им се замерува на жителите на тој полуостров.
„Крим ја одбра Русија и ние не можеме за тоа да ги обинуваме. Мораме да пронајдеме начин како да се создадат мировни сили кои во Украина ќе ги штитат оние на кои рускиот им е мајчин јазик“, изјавил Саркози.
Коментирајќи во врска со шансите на Украина во блиска иднина да стане членка на ЕУ, Саркози изјави: „Украина не е предодредена да стане членка на ЕУ, земјата треба да продолжи да има улога на мост меѓу Европа и Русија“.
