Економија, финансии, бизнис

Контакт

Саркози: Меркел не може сама да носи одлуки

Саркози: Меркел не може сама да носи одлуки

Ситуацијата во Франција по Брегзит значително се влоши поради неефикасните активности на нејзината влада. Тоа ќе продолжи во текот на 10 месеци до претседателските избори, изјави Никола Саркози, лидер на партијата Републиканците и поранешен претседател.

„Франција ја чекаат 10 ужасни месеци, кои ќе траат до претседателските избори. Франсоа Оланд не се справи со ситуацијата, настаната по Брегзит, а Ангела Меркел никогаш не нудела сама решенија при слични сериозни ситуации " - рече тој.

Британците ќе се обидат да го одложат излегувањето од унијата, убеден е поранешниот претседател. Саркози изјави дека ако претставник на Републиканската партија стане претседател на претстојните избори во 2017 година, ќе преземе нови француско-германски иницијативи, бидејќи без согласност помеѓу овие две земји во унијата ништо не може да се направи.

Според него, во моментов француско-германската двојка не може да се создаде поради вината на самата Франција.

„Треба задолжително да се здружиме сите земји од ЕУ околу 8-9 приоритетни цели. Поконкретно реформирањето на Шенген зоната, еврозоната и системот за поддршка на бизнисот "- рече Саркози.

Тој смета дека треба да се прекине приемот на нови земји во ЕУ додека не бидат реформирани европските институции. Лидерот на Републиканците категорично се изјасни против приемот на Турција во ЕУ.

Слично

Поврзани вести